Гутен морген во Хорген!

0
984

Поминува уште една недела на македонското општо незадоволство. Земјата е потоната во разочараност и латентен гнев. Луѓето се напнати, нервозни, кавгата виси во воздух и за најмали недоразбирања, а расположенијата се менуваат меѓу еуфории и депресии побрзо од денот и ноќта. Опасно е ако имате став; опасно е ако немате став. „Турска или грчка баклава?“… „Море дај само боза!“

saso-ordanovski-540x329

Економијата стои – паралелно со лошите кредитни пласмани, растат граѓанските заштеди во банките, што сугерира дека луѓето ништо не купуваат над она што им е крајно неопходно. Тоа, пак, значи дека во стопанството секој гледа да го одложи плаќањето кон оние на кои им должи, во исчекување на уште полоши вести, па сѐ повеќе фирми не можат да ги сервисираат долговите ни кон бизнис-партнерите, ни кон банките. Дури и гувернерот Богов, уважениот чувар на фатаморганската економска и монетарна стабилност на Македонија, драстично ја намали несериозната прогноза од почетоков на годината за растот на економијата од над 4% во 2015 г. Еве, поминаа 9 години од ДПМНЕ на власт, а такво чудо од економски раст над 2%-3% никако да ни се случи. Којзнае, можеби и тоа ќе бидне во некоја од наредните 9 или 19 години од „економската преродба“ на Груевски и Ставрески.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ