ГРЧЕВА : ДУИ СЕГА ЌЕ СЕ НАПОЛНАТ СО ПАРИ И ЌЕ СИ ГИ КУПАТ СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ

0
377
Избрани се најефтините патишта, а ќе се платат огромни суми, вели поранешната пратеничка, Солза Грчева, за договорот со „Бехтел и Енка“, конзорциумот кој го доби тендерот за изградба на коридор 8 и коридор 10д.-Овие не се кадарни да го направат тој пат – смета Грчева мислејќи на Владата.

-Па тие не можат дупки да затворат, не пат ќе градат. Оваа владa ниту еден километар не изгради, а сега брзо на раменици ќе бутка ваков мега проект. Станува збор за минимални делиници од 108 км, додека целата траса на коридорите е 700 километри. Значи земени делнци кои се лесни за изградба и тие ќе ги изградат. А притоа не се штедат средства и се потплаќаат новинари од жолт печат за одбрана на проектот – рече Грчева.Таа спореди како јавноста во Косово го коментирала овој конзорциум. Во контекст на тоа коментираше зошто амбасадорката на САД присуствува на настаните поврзани со проектот.

-Спорно е што американската дипломатија се меша во бизнисот. Во Косова американскиот амбасадор толку лобирал, што го исмеваат во стрип наречен Пимсонс наместо Симпсонс, од пимп, на англиски или проводаџија. Истиот тој амбасадор завршува како претставник на Бехтел во Мозамбик – рече Грчева.Според неа назначувањето на Груби за координатор на проектот е „поигрување со јавноста“.-ДУИ ќе се наполн со пари и следните избори нема да ме чуди ако си ги купат изборите – рече Грчева.