ГРЦИЈА ОД САБОТА ВО ТРИНЕДЕЛЕН НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН, ЌЕ РАБОТАТ САМО АПТЕКИ И СУПЕРМАРКЕТИ

0
1042

Грција в сабота влегува во тринеделен национален карантин, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Уште еднаш решив да преземам драстични мерки, затоа што подобро порано отколку покасно“, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис.

Согласно новите рестриктивни мерки, се затвораат сите продавници освен супермаркети и аптеки, се забранува патувањето меѓу регионите, а граѓаните за излегување од дома ќе мора да испратат порака на посебен владин телефонски број. Градинките и основните училишта продолжуваат со работа, додека средните училишта се префрлуваат на онлајн настава.

Грција досега не беше тешко погодена од пандемијата, но бројките растат во изминатиот период, па вчера беа потврдени 2.464 нови случаи на зараза, што е дневен рекорд. Ковид-19 досега однесе 673 животи во Грција.

Извор : СДК