ГРУЈО ПРЕКУ ИВАНОВ ИЗВРШИ ДРЖАВЕН УДАР И ЈА ПРОДЛАБОЧИ КРИЗАТА , ИВАНОВ НЕ ГО ДАВА МАНДАТОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ, им објави војна на Албанците во Македонија и побара негово апсење заради национално предавство!!!

0
1258

Претседателот Ѓорге Иванов одби да му го даде мандатот на Зоран Заев, иако лидерот на СДСМ има собрано доволно потписи за да го добие мандатот. Иванов кажа дека нема да го даде мандатот на некој што, како што вели претседателот, ја руши сувереноста.

„По изборите бевме непријатно изненадени од една платформа од туѓа држава. Содржината на платформата е надвор од уставот и надвор од Охридскиот договор. Со оваа платформа се загрозува сувереноста на државата. Македонија е уценета и нејзината унитарност е загрозена. Разговарање за платформа на туѓа држава е спротивно на Уставот на Македонија и е казниво дело според кривичниот законик. Уставот и совеста не ми даваат право да му дадам мандат на некој што ја руши сувереноста“, изјави Иванов.
Иванов како пречка да му го даде мандатот на Зоран Заев го наведе и „незапазувањето на роковите“ според членот 90.