ГРУЈО ПРДНА ПРЕКУ АХМЕТИ : СДСМ нема право на албанските гласови

0
1388

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на Социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори. Пред подмладокот на партијата, собрани вечерва во скопски Чаир, Ахмети рече дека доцнат цели 15 години.

Тие што го бараат албанскиот глас , каде беа пред 15 години , кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик ? А сега, сакаат да владеат со помош на албанскиот глас , рече Али Ахмети.

Преку својот шеф на изборниот штаб, Ахмети испрати порака и до останатите македонски партии.

Имам за вас директна порака од Али Ахмети: ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии. Наш единствен сојузник е албанскиот народ, рече Бекир Незири, шеф на изборен штаб на ДУИ.

Зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија, Ахмети беше радикален, велејќи дека, ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Потенцираше и дека е убеден дека тоа време ќе дојде. И говорот на претседателот на подмладокот, Куштреф Ала, изобилуваше со националистички пораки, а во еден момент ја нарече Македонија – Илирида.

Извор: Телма