ГРУЈО И ВУЧИЌ СЕ ТОЛКУ СЛИЧНИ БУДАЛИ ШТО СЕ КАКО ИСТ КУР ДА ГИ ПРАВЕЛ : Груевски плаши со албанско, Вучиќ со македонско сценарио

0
1564

Одмакедонското МНР нема одговор дали реагирале на инволвирањето на Македонија во изборната кампања на српскиот претседателски кандидат, Александар Вучиќ. Честа на Македонија ја бранат српски и регионални новинари, пишува Дојче веле.

Додека ВМРО-ДПМНЕ со денови ги плаши граѓаните со опасноста од т.н. Тиранска платформа, граѓаните на соседна Србија се заплашувани од опасноста да им се случи „македонско сценарио“. Дистрибутер на ваквите предупредувања е актуелниот српски премиер и претседателски кандидат на Коалицијата предводена од Српската напредна партија, Александар Вучиќ, кој ги обвинува опозициските претседателски кандидати дека сакаат да предизвикаат нестабилност и „македонско сценарио“ во Србија. Ваквите тези се спакувани и во изборен спот, каде без никакво објаснување се искористени снимки од протести во Македонија и од кордон на македонската полиција. Ова наиде на бројни реакции во Србија, но не и од надлежните во Македонија.

„Скандалозно е шторежимот на Вучиќ упорно го плаши народот со некое ‘македонско сценарио’ и тоа само неколку дена пред претседателските избори во Србија (2-ри април – н.з). Единствен извор на нестабилноста во Србија и опасност за граѓаните претставува токму оваа власт“, изјави Никола Јовановиќ, портпарол на тимот на Вук Јеремиќ, кој исто така е кандидат за претседателската функција.

Но, тоа заплашување не се случува само деновиве. Хронологијата на предизборните настапи покажува дека Вучиќ со тоа „оружје“ настапил уште на првиот митинг во Врање.

„Мојот одговор на сите оние кои привикуваат на украинско или на македонско сценарио е јасен: Не ви давам да ја урнете Србија, не ви се плашам!“, порачал Вучиќ.

Со иста реторика продолжил и на митингот во Пожаревац и во други градови, а завршил во Белград. На 24 март, на централниот митинг во белградската „Комбанк арена“ на кој присутвувале околу 30.000 луѓе, Вучиќ повикал: „Нема да дозволиме насилство и ‘македонскo сценарио’ кое некои го привикуваат. Нема да им дозволиме да ни ја срушат земјата и да ни ја одземат иднината!“ Тезата ја повторил и во тв-настапи, меѓу кои последниот во емисијата „Око“ на РТС, каде изјавил дека „во Србија нема да дозволи ‘македонско сценарио’, ниту да се пука по улиците, како што некои замислуваат“.

Молк во Скопје

Функционира ли македонската амбасада во Србија? Има ли каква било реакција од македонското МНР до официјален Белград на ваквото заплашување со „македонско сценарио“ – е прашањето што се поставува во јавноста. И покрај ветувањето, ДВ не доби одговор од МНР дали македонската амбасадорка во Србија, Вера Јовановска- Типко, го известила МНР за ваквите изјави и дали Министерството реагирало на инволвирањето на Македонија во изборната кампања на Вучиќ. Во недостиг на одговор, останува впечатокот дека надлежните во Македонија „замижале“ пред ваквите тонови. Токму во екот на рефренот за „македонско сценарио“, еве што одговорил вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за магазинот „Српска економија“ објавено на 15 март, на прашањето – дали ги смета за стабилни актуелните политички односи меѓу Македонија и Србија.

„Да. Цврстото позитивно мислење меѓу народите е од најголема помош за добрите односи меѓу Македонија и Србија. Во разговорот со српските колеги слушнав дека, според резултатите од анкетите, Србите имаат најпозитивно мислење за Македонија и за Македонците, а убеден сум дека тие ставови се идентични и од другата страна. Таквите релации секогаш ѝ помагаат на политиката. Ние сме турбулентен регион што станува уште потурбулентен, но сепак, меѓучовечките односи имаат големо значење, што се одразува на политичките односи без оглед на предизвиците со кои се соочуваме“, одговорил Попоски.

Песна за „сценариото“

Засега, честа на Македонија ја бранат српски и регионални интелектуалци и новинари. Тие ја објаснуваат генезата на протестите против режимот на Груевски и неговата комплетна узурпација на власта инсталирана преку партиска контрола врз полицијата, судството, незаконското прислушкување, изборните кражби, притисокот врз критичките медиуми и хајките против неистомислениците. Оваа генеза во колумна во српско „Време“, ја опиша и авторот Андреј Ивањи под наслов „Македонско сценарио“, со став дека бескрупулозно лажат оние кои зборуваат за такво нешто без да објаснат што се случува во Македонија.

„Освен што е спектакуларно глупаво, ова плашење на народот во Србија со народната побуна против автократската и партократската власт во Македонија, го покажува потсвесниот страв на оние кои се свесни дека и самите ја узурпираат власта на секој можен начин, и дека тоа не ќе може така во недоглед. Впрочем, зошто би ги плашеле граѓаните на Србија со сценарија во кои граѓани протестираат на улица против арогантноста на власта, а за правата што им припаѓаат? Тоа е сценарио од кое се плаши власта“, пишува Ивањи.

Тој додава и дека „сценариото кое навистина предизвикува страв е второто продолжение на македонскиот блокбастер: претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, одбива да го даде мандатот на Заев за формирање влада и со тоа ги злоупотребува уставните овластувања“.

„Кога не плаши со ‘македонскo сценариo’, дали премиерот (Вучиќ-н.з) во суштина се заканува дека ќе примени сила, како би спречил ‘силите на мракот и злото’ да дојдат на власт и да предизвикаaт хаос во Србија ако тој не стане претседател? Кога овој наш премиер, кој сега би сакал да биде и претседател, извикува ‘македонско сценарио’, тоа е всушност сценарио според кое ‘власта не ја дава власта’“, констатира Ивањи.

Со осуда на „навредите и заканите со македонско и украинско сценарио“ се огласија и повеќе граѓански организации во Србија, а темата стана инспирација за новинарот Предраг Лучиќ, еден од основачите на легендарниот хрватски политички магазин „Ферал трибјун“. Тој објави подолга песна за „Македонското сценарио и српската рерна“, иронично наменета за нов предизборен спот на Вучиќ, во која авторот го открива наративот на овој претседателски кандидат.

„Ти нудам леб, врв од погача,

напреден век пред Србија,

а ти ми се закануваш, простаку,

со македонско сценарио (…)

Јас тој проблем би го решил

целосно вучиќевски:

претседател ко и премиер,

Иванов ко и Груевски.

Сам јас на столици две (…)“