ГРУЈО И ВМРО-ДПМНЕ ВРТОГЛАВО ТОНАТ ВО ЖИВ ПЕСОК – Мнозинството граѓани сакаат Влада предводена од СДСМ!

0
1486

Резултатите од анкетата покажуваат дека ако утре се одржат нови избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто, а за СДСМ 23 отсто. Во албанскиот блок Беса би дибила најмногу гласови 3,5 отсто, ДУИ 3,3%, Алијансата за Албанците 1,5%, а ДПА 2,2%, додека процентот на неопределниете е 33,4%. Албанците во најголем број би го дале гласот за СДСМ, дури 20,4%, а ниту еден од нив не би гласал за ВМРО-ДПМНЕ.mkd-307497

На прашањето за нови избори како решение за излез од политичката криза, 56,5 отсто од анкетираните одговориле дека се против нови избори, а 38,6% биле за нови превдремени избори. Најголем бил процентот кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, односно 70,5 отсто од нив се „за“ нови избори, а кај СДСМ 81,5% се против нови избори. Во албанскиот блок 71% од гласачите се против нови предвремени избори.

Што се однесува до можноста за широка коалиција, 30,2 отсто рекле дека тоа е најдобро решение за кризата, 27,3 отсто сметаат дека следната влада треба да ја формира СДСМ, додека 23,5% сакаат влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

mkd-307498

Таканаречената албанска платформа ја поддржуваат 18,6%, а против неа се 55,2% од анкетираните. Во македонскиот блок 71,5% се против, а во албанскиот 74,7 се „за“ платформата.

За продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство за покренување обвиненија се зијасниле 62,8 отсто, против биле 28,8%, а одговоре немале 8%. Од анкетираните Албанци дури 82,7% се за продолжување на мандатот на СЈО, а кај Македонците 56,5%.