ГРУЕВЦИ УКРАДОА МИЛИОНИ, БОНЕТО НА*** ЗА МОЧАНИ 100 ИЉАДИ: Бонева недостапна за медиумите по обвинението за измама во службата со износ од околу 105.000 евра

0
844
Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева е недостапна за медиумите, откако денес одекна веста дека е обвинета за предметот ,,Друмарина”, односно продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик.

Според ОЈО Скопје, таа е обвинета за манипулации со патните трошоци, бидејќи додека била пратеник од почетокот на 2011 година до крајот на 2015, до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.

Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието на релација од Струмица до Скопје и обратно, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале. Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања, наведено е во обвинението.

Бонева не одговори на нашите телефонски повици и СМС пораки, со цел да го слушнеме нејзиниот став по повод обвинението.

Уште пред четири години, таа се најде во центарот на јавноста, кога беше објавено дека за шест месеци наплатила патни трошоци во висина од 12.000 евра.
Тогаш струмичанката за ,,Фокус” појасни дека се е според закон, бидејќи не користела службено возило, туку за сопственото и биле исплаќани надоместоци за одржување, бензин, амортизација на возилото од поминат километар, за седници и работни состаноци согласно закон, кој бил на сила од 1990 година.

-Тука се сите трошоци од регистрација, сервиси, масло, гуми, поправки… додека оние кои возат службени возила, без оглед колку пати ќе пукне гума, колкава ќе е сумата ако нешто откаже на колата и сите други трошоци се на сметка на ДИК, а не само трошокот за бензин кој го спомнуваат одредени медиуми.
Не дај Боже да ти отидат амортизерите од некои одрони или да имаш сообраќајка, се е на твој трошок од тие пари, за разлика од службените каде се е на државен трошок-појаснуваше Бонева пред четири години.

Таа тогаш додаде дека е срамно да се критикува нешто што е пресметано од експерти уште пред 1990 година, а влегло во закон во 1990, затоа што толку чинел трошокот и надоместокот за амортизација на возилото, без при тоа да стане збор и за фактот дека политичарите од внатрешноста, за разлика од оние од Скопје возат и по неколку часа на ден за да стигнат на работа.

ИЗВОР: ФОКУС.МК