Груевски: Сите што сакаат да им ги вратам парите, ќе мора да ми се обратат писмено

0
2645

Откако во последниот период се повеќе луѓе бараат да им врати пари, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати соопштение до јавноста во кое објаснува дека сите оние кои бараат пари од него, ќе мора да пополнат писмено барање.

„Во 21-иот век недопустливо е некој да ми се дере од зад грб, да ми бара пари и да ме брука во јавност. Дури и да должам пари некому, дерењето, викањето и тегнењето не се прифатливи методи. Значи секој оној кој мисли дека му должам некакви пари, нека се обрати писмено, нека пополни образец, а јас и мојот тим ќе го разгледаме барањето по што ќе дадеме одговор.“ стои во соопштението од лидерот на ДПМНЕ, без да прецизира да со новата еврообврзница се планирани и трошоци за враќање на лични заеми.

Извор: Коза Ностра