Груевски и Иванов не можат да бидат пречка за демократските процеси што се незапирливи

0
1486

Соопштение за јавност

Единствените кои нанесуваат штета на државата се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени за заштита на криминалот и сопствената одговорност да наштетат на интересите на граѓаните и иднината на Република Македонија.

На сите им е јасно дека единствен конкретен писмен документ зад кој застанува новата реформска Влада е Програмата на новата Влада на Р. Македонија во којашто децидно стои дека е силно посветена на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Р. Македонија.

Тоа единствено не им одговара да го видат Груевски и неговите соработници против кои гласаа мнозинството граѓани на изборите.

Граѓаните избраа промени, правда и заедништво. Гласовите на околу 700 илјади граѓани се преточени во 67 пратенички мандати.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат пречка за демократските процеси што се незапирливи. Иванов не смее да го штити криминалот на Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, туку мора да постапи во интерес на граѓаните и државата, онака како што му наложува Уставот. А тоа е да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата реформска Влада којашто ја очекуваат граѓаните на Република Македонија.