Груби: ВМРО-ДПМНЕ бараше избори на 15 јули, ние и СДСМ сме за 5-ти јули, меѓународната е за брзи избори, можно е да се гласа три дена!

0
817

Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека се надева дека сите партии ќе учествуваат на избори на 5 јули.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше 15-ти јули, а 5-ти јули е наше компромисно решение. Сметам дека сите ќе учествуваат на изборите затоа што не можат да си дозволат луксуз да не одат на избори, кои се всушност признаение од институциите и се под мониторинг на ОБСЕ и ОДИХР. Кај меѓународната заедница има расположение за брзи избори, рече Груби.

Тој додава дека можни се промени на Изборниот законик, со што би можело да се гласа неколку дена.

-Еден ден би гласале пензионерите, еден ден тие што се во изолација, а останатите во третиот ден е едно од можните решенија, донесени со уредба, вели Груби.