ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО ГИ СТАПИСА ВМРОЊИТЕ : Ахмети и Груевски се договориле да го стопираат пописот за да се задржат на власт

0
2382

Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Како што рече на денешната прес конференција обвинителката, Фатимe Фетаи, Груевски и Ахмети се сомничат дека се договориле да го прекинат пописот во 2011 година за да се задржат на власт.

На тој начин, рече Фетаи, двајцата осомничени го оштетиле буџетот на државата за 175 милиони денари. Груевски и Ахмети се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување.

-Доказниот материјал упатува на сомневање дека во месец октомври во 2011 година, осомничените ги искористиле своите овластувања и како одговорни лица, претседатели на политичките партии, ја злоупотребиле својата функција и го оштетиле буџетот. ПОстои основноа сомнение дека со цел како владејачка коалиција да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет да организираа реален попис, како и да ги сокријат неповолните факти за демографската и економската сотојба што резултирало со огромно иселување на работоспособното насленеи. Помеѓу 10-ти и 11-ти октомври осомничените се договориле да го стопираат пописот на населнието – изјави Фетаи.

Според СЈО, Ахмети и Груевски се договориле како причини за стопирање на пописот да наведат проблеми од техничка природа и некадарност на институциите.

-По договорот со образложение дека со отпочнување на примена на Законот се јавиле недоречености, Владата до Собранието предложила да престане да важи Законот за попис на наслението, па посредно преку парламентарните групи како гласачка структура на политиката на лидерите, на 15 октомври 2011 бил изгласан закон со кој престанува да важи операцијата на попис. Сепак причината не било тоа што е наведено од Владата, туку осомничените сфатиле дека со пописната операција ќе им се нанесе штета на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и самите како лидери водејќи се од лични интереси и задржување на моќта одлучиле дотогаш потрошените средства да ги фрлат во вода – рече Фетаи.

Извор : Фокус