ГРКОВСКА : СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК АКО ОЧЕКУВА ДЕКА ВЛАДАТА ЌЕ МУ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ

0
991

„Градоначалниците треба да знаат кои сѐ нивните обврски и одговорности како градоначалници да не очекуваат дека за секој проблем од Владата ќе бараат финансии за да се реши некој проблем. Така секој од нас може да биде градоначалник“, истакна во емисијата Топ Тема на ТВ Телма заменик-претседателката на Владата задолжена за добро владеење Славица Грковска.

Таа додаде дека добар дел од градоначалниците не се свесни за ингеренциите и обврските што ги имаат.

„Мислам дека секој од нас кога ќе му биде понудена одредена позиција треба прво да се запраша кои се обврските кои што ќе ги има на таа позиција, какви се одговорностите и дали секој од нас има капацитет да ги извршува тие одговорности и обврски и кога ќе се преиспита себе си тогаш да си го врати одговорот дали ќе се нафати да ја извршува таа функција или не“, нагласи Грковска за во емисијата на ТВ Телма.