Граѓанскиот сектор отсекогаш бил ризница на кадри за политичките партии

0
1009

Ако некој од нашите сограѓани и соборци од Шарената револуција решил да биде дел од кандидатските листи на опозицијата и да се обиде на тој начин да ги реализира своите идеали и да го порази груевизмот, можам само да им посакам успех.

А што се тиче новата јалова дискусија што ја наметнуваат началниците на МВРО околу поврзаноста на граѓанскиот сектор и протестните движења со СДСМ, да потсетиме дека граѓанскиот сектор отсекогаш бил ризница на кадри за политичките партии во МК, не само за СДСМ, туку и за ВМРО. Веровали или не, не само раката, него и таа листа е долга кај „најпатриотската“ партија.

Ете да спомнеме неколку иминја: Ѓорге Иванов и Илија Димовски, на пример биле дел од Фондацијата Отворено Општество (Сорос), од студентски и средношколски протести се родија Филип Петровски, Александар Николовски, Никола Тодоров, Влатко Ѓорчев, Милошоски, оние од „Гласот на светлината“ се вдомија во администрација… сегашниот амбасадор во Бразил и екс-вицемремиер Ивица Боцевски, па и покојна Габриела Конеска Трајковска, вицепремиерката од првата влада на Груевски, дојдоа од граѓанскиот сектор…

За овие набројаниве видовме кој како се покажа. Имало малку светли и многу бербат примери. А има луѓе од граѓанскиот сектор во речиси сите партии. Секој со својот резултат. Но тоа не значи дека тие неколку луѓе се целиот граѓански сектор. По дејствувањето во него, решиле да дејствуваат поинаку, преку друг вид на граѓанско здружување, и тоа е легитимно.

Зато, лепотани и лепотанки мои драги, дозволете им на луѓево, кои и да се и за која партија и да се кандидираат, да си го остварат уставното право да бидат бирани и да ја пробаат среќата и вештините во политиката. А судете откога ќе покажат што знаат и умеат.

Петрит Сарачини – Фејсбук статус