ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЧЕ ВРЕДИ : ЗА БРАНИТЕЛИТЕ, ЗА ЖРТВАТА И НАШАТА ДОЛЖНОСТ

0
938

✅ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ, ЗА ЖРТВАТА И НАШАТА ДОЛЖНОСТ

Од воениот конфликт во 2001 година до денес локалните власти ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, до максимум ја злоупотребуваа жртвата на загинатите бранители и нивните семејства и воените резервни обврзници – учесници во конфликтот.

Од конфликтот во 2001 година, во Прилеп се формираа здруженија на воените резервни обврзници – учесници во конфликтот, кои овие две власти константно ги користеа за меѓусебни политички пресметки и помеѓу нив создадоа раздор, маргинилизирајќи едни за сметка на други во зависност од поддршката која овие здруженија можеа да им ја понудат на локалните власти за време на предизборните трки.

Локалната власт во соработка со Министерството за транспорт и врски од 2010 година до денес потроши скоро 1 милион евра во изградба на спомен обележја во чест на 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија кои загинаа кај месноста “Карпалак” на автопатот Тетово – Скопје (спомен обележјето-споменикот „Карпалак„ и споменикот лоциран среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основен суд Прилеп.

За сметка на тоа семејствата на загинатите бранители, воените резервни обврзници-учесници во конфликтот и членовите на нивните семејства беа целосно игнорирани во поглед на нивните барања и потреби.

За таа цел, имајќи ја во предвид севкупната политичка состојба во државата, без да навлегуваме во етничките прашања на централно ниво, на локално ниво ќе изготвиме и имплементираме рамка на активности за поддршка на семејствата на загинатите бранители и учесниците од конфликтот и нивните семејства во секое поле од надлежност на локалната самоуправа.

➡️ за да покажеме како достојно треба да се почитува жртвата во одбрана на државата.

Фејсбук статус на граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ.