ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЧЕ ВРЕДИ : ЌЕ ВОВЕДЕМЕ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПРИЕМ И СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

0
741
Ќе воведеме електронски систем за прием на барања и можност за следење на работата на административните работници врз предметите од страна на барателите.

Систем кој овозможува заведување на барањата на граѓаните, автоматска распределба на предметите на административните службеници, следење на движењето на предметите, управување со документите, заведување на ургенциите, поплаките, жалбите и тужбите против одлуките на општината и создавање складиште на статистички податоци за евалуација на квалитетот на одлуките на општинската администрација и стручноста на административните работници.

– За да нема оправдувања и изговори за нерешените барања со месеци и години

– За навремено да ја детектираме нестручноста и неработењето на општинската администрација

– Навремено да извршиме професионална селекција на администрацијата

– За администрација која знае и која сака да работи

– За департизација и неселективност во извршување на јавните услуги
ЗА ТАКВА АДМИНИСТРАЦИЈА #ЧЕВРЕДИ
Фејсбук статус на граѓанската иницијатива ,,ЧЕ ВРЕДИ”.