ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЧЕ ВРЕДИ : НУДИМЕ ПРОЕКТ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЗА ПРИЛЕП

0
930
Редно е градот да добие Младински културен центар.

Градска установа која врз основа на претходно изготвена програма за работа и финансиска рамка, ќе располага со свој буџет кој ќе овозможи реално и неселективно финансирање на културните активности на младите.

Место каде младите ќе имаат можност да ги реализираат своите индивидуални или колективни замисли, идеи и проекти од полето на културата и уметноста.

Место преку кое образовните установи (основните и средните училишта) ќе имаат можност да ги реализираат вон наставните активности со учениците од разни секции и соодветно да ги презентираат преку вклучување во полугодишни и годишни програми за работа на МКЦ.

Да им овозможиме на младите место каде ќе имаат можност да се реализираат заедно и еднакво.
Фејсбук статус на граѓанската иницијатива ,,ЧЕ ВРЕДИ”.