Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера одржа перформанс во центарот на Битола

0
990

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера одржа перформанс во центарот на Битола.

Настанот започна со движењето на камионот низ најфреквентните места во градот, а потоа продолжи во центарот на Битола каде дневно минуваат неколку стотици граѓани. Во настанот беше вклучен и брендираниот камион од кој беа емитувани аудио пораки за слободно гласање, а перформансот беше засилен со банери, знамиња и звучни пораки како средства за привлекување на вниманието на сите случани минувачи.

Битолчани силно ги извикуваа следните пораки: „Можеме подобро!”, „Битола може да дише чист воздух!”, „Битолчани може да полагаат за кола во Битола!”, „Пелистер може да има свој стадион!”. Во разговор со активистите граѓаните на Битола се пожалија дека се наоѓаат во безизлезна ситуации поради големата невработеност, иселувањето на младите и беспарицата.

-Сакам промени, ќе гласам и секој од нас треба да гласа за да биде дел од новите промени а не да заминуваме во Европа – вели студентка од Битола.

На крајот активистите го поделија граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“ по што караванот на акцијата замина за Ресен.