ГРАЃАНИТЕ ПОВТОРНО СЕ МОБИЛИЗИРААТ: ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА во 17 часот пред Собранието!

0
974

Денеска, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво.

Во повикот на социјалните мрежи пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО.

„Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото што беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд сè уште нема закажано седница на која ќе се разгледува иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и на свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат само за дискредитација на Катица Јанева и на институцијата што таа ја претставува“, пишува во повикот за собир објавен на „Фејсбук“.

Организаторите велат дека на СЈО повторно му е потребна помош од граѓаните и не смее режимот да помисли дека СЈО повеќе ја нема поддршката на граѓаните.

Настанот го организира „Шарената револуција“