Граѓаните на Македонија со престој во Германија преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Германија

0
787

Иницијатива: Македонски пасош и во амбасада

Граѓаните на Македонија со престој во Германија преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Германија.

Се жалат дека додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија.

Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации. Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е скоро невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување, пишуваат во писмото од иницијативниот одбор.

Овие патувања, додаваат, се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки во земјата имаат работни обврски. Понатаму, се жалат, достапноста на информации е на едно поразително ниво.

Бараме и предлагаат мерки и подобрување на услугите:

1. Подобрување на информираноста на граѓаните.

• Бараме формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва.

•Дежурниот центар може да е со седиште и во Македонија или во Германија, но да едостапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број.

•Дежурниот центар да е достапен на македонски како и на јазиците на националностите кои живеат во Македонија 2. Можност за поднесување на документи и добивање на патна исправа во ДКП

•Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија

•Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта

• електронско поднесување на барањето за обнова на документите

• можност за фотографирање, исто како и во службите во С.Македонија

• опремување на сите ДКП како би биле достапни за повекето грагани кои живеат на територијата на цела Германија

• Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија

• Изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а министерството да склучи и договор со авиокомпаниите кои би ја доставувале поштата.

• Готовите патни исправи да се доставуваат на граѓаните во Германија лично или преку курирска служба со препорачана пошта до лицата кои со потпис и документ за идентификација ќе си ги добиваат на домашна адреса, како не би морале да патуваат два пати во ДКП.

• За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од куриерските служби кои ќе го извршуваат доставувањето

• Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеке од двојно на една пасошка служба во Македонија

3. формирање на заеднички совет (Мин. За Надворешни, ДКП,Иницијатива на граѓани) кој ќе ја следи и ќе дава препораки заподобрување на услугата на ДКП во Германија

• формирање на заеднички совет кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник кој ќе се доставува до владата и министерството за надворешни работи

• советот ќе има за цел да дава предлози за подобрување на услугата на ДКП кои ќе се доставуваат и имплементираат заедно со министерството за надворешни работи и ДКП во Германија. Барањата се наслонети на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања.

Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се овозможи достоен сервис за нашите граѓани, велат од Иницијативниот одбор претставуван од Петар Наумовски.