Град Скопје: Тарабите се поставени поради реконструкција на паркот „Жена – борец“, а не на ГТЦ

0
935

Градот Скопје утрово писмено соопшти дека тарабите околу паркот „Жена – борец“ или меѓу скопјани познат како „Жена-парк“, биле поставени поради реконструкција на паркот. Ова соопштение доаѓа откако на социјалните мрежи вчера почнаа да се споделуваат фотографии од оградениот со тараби парк, а корисниците коментираа дека на ГТЦ му се „готви“ барок додека граѓаните се на годишни одмори.

„Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема. Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци, соопштуваат од Град Скопјe.