ГРАД СКОПЈЕ СО ДЕМАНТ ДО ПОРТАЛОТ СДК : НОВИНАРКАТА АНА АНТЕВСКА ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ТЕКСТОТ СО НАСЛОВ ,,ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ ГО ЗАМРЗНАА ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОТИ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ГРАДОТ НЕ ДОАЃААТ НА СОСТАНОЦИТЕ” БИДЕЈЌИ ВО СПРОТИВНО ВИСТИНАТА ЌЕ ЈА ДОКАЖУВАМЕ НА СУД!

0
685

Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска
(25.05.2023 година) на интернет порталот „Сакам да кажам“ со наслов „Европските
банки го замрзнаа проектот за пречистителна станица во Скопје оти
претставниците на Градот не доаѓаат на состаноците“. Овие паушални тврдења се
лага со која се манипулира јавноста.

Водењето на политичка агенда преку медиумски памфлети кои не се базирани ниту
на елементарна вистина се недозволиви и штетни по целокупното општество.
Од тие причини, бараме од порталот „Сакам да кажам” и од новинарката Ана
Антевска во целост да го повлечат текстот „Европските банки го замрзнаа проектот
за пречистителна станица во Скопје оти претставниците на Градот не доаѓаат на
состаноците“, да се извинат и во целост да го објават овој демант во рок од 48
часа. Во спротивно вистината ќе ја докажуваме на суд.

Со почит,
Град Скопје
Одделение за односи со јавност