Град на развратот : Секс, алкохол и хаос на градските улици во Мегалуф

0
1794
Градот сака да стане дестинација за семејни одмори, но туристите не се грижат за измените во законот, па на градските улици сè уште се присутни шокантни глетки.

Шпанскиот град Мегалуф е познат по дивото однесување на туристите. Иако тоа силно го посакуваат, тешко дека ќе се ослободат од лошиот имиџ.

И покрај одредените измени во законот, сè уште се дивее по улиците на летувалиштето во Мајорка. Новите правила вклучуваат забрана за консумирање на алкохол на улица помеѓу 22 и 8 часот. Исто така, голите лица на улиците, макар и да се само без горниот дел, или оние кои плукаат и уринираат на јавно место, ризикуваат парична казна, па дури и затвор.

grad-na-razvratot-megaluf-spanija-01

Со новите мерки градот настојува да се претвори во дестинација за семеен одмор, поради што голем број на полицајци патролираат на улиците со цел да ги расчистат од развратните туристи.

Но, и покрај трудот, дивите сцени сè уште се присутни на улиците, а и покрај воведувањето на новите мерки, може да се забележат сцени со кои ќе ви стане јасно дека не се промениле многу работи.

grad-na-razvratot-megaluf-spanija-02

Новинари на Mirror го посетиле градот по воведувањето на мерките и на улиците, меѓу другото, фотографирале девојка која паднала на улица, и две момчиња без маици кои се обидуваат да ја кренат. Посетителката од Шкотска, Хана Мекдоналд, за новинарите рекла дека не се грижи за казните и дека ќе се однесува како што планирала. Таа не е единствена со таков став.

grad-na-razvratot-megaluf-spanija-03

Во градот годишно доаѓаат милиони туристи. Минатата година најмногу се пишувало за девојката која во клуб во замена за бесплатен пијалак, орално задоволувала повеќе од 20 мажи.

grad-na-razvratot-megaluf-spanija-05

Неколку седмици подоцна во јавноста се појавила снимка од пар, кој на сред бел ден имал секс меѓу паркирани автомобили.

TRAVEL Magaluf 072440

 

Извор : Точка