Градоначалникот Шилегов искажа голема благодарност во Владата која одвои 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект кој има огромно значење за скопската и македонската култура

0
971

„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите“, рече Шилегов.

Согласно проектантските насоки, Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада, а самиот објект ќе биде енергетски ефикасен.

Владата продолжува со поддршка на капиталните проекти на општините. Во текот на минатата 2020 година, преку ребаланс на Буџетот поддржани се вкупно 19 капитални инвестициски проекти во општини ширум земјава во вредност од 244 милиони денари или 4 милиони евра. За следната година во Министерството за култура се алоцирани 217.000.000 денари за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, за втората фаза на театарот и библиотека во Тетово, како и за завршните работи на театарот во Струмица.