ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДЕНЕС ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРИТЕ НА ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА

0
654

Градоначалникот Борче Јовчески, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорите на  СР Германија, Анке Холштајн и на Република Франција, Сирил Бомгартнер.

Ова е прва посета на дипломатски претставници во Општина Прилеп по назначувањето на Јовчески за градоначалник .

За време на средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка и размена на искуства со тенденција истите да се  продлабочуваат со уште  понагласена динамика .

„Остваривме една работна средба во кабинетот на Општина Прилеп каде остваривме  продуктивен разговор на кој ги запознав со сите идни проекти во програмата за разубавување и унапредување на градот. Се надевам дека во иднина ќе оствариме и други средби и со нивна помош ќе можеме соработката да ја унапредиме до тоа ниво за да се побратимиме со нивни градови“, изјави градоначалникот Јовчески.

Високите гости во придружба на градоначалникот Јовчески претходно според востановената традиција на германските гробишта положија цвеќе во спомен на паднатите  војници во Првата светска војна.