ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ОДРЖА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЗИМСКАТА СЛУЖБА

0
849

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески работниот ден го започна со состанок  со фирмата  ДОО Изофас, задолжена за зимско одржувањесо надзорниот орган од ЈП за ПУП и со вработените во Општината.  На средбата беа распределени задачите за поефикасно организирање и функционирање на зимската служба за претстојниот период.

На состанокот од страна на фирмата задолжена за зимско одржување беше истакнато дека набавени се потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.

Ова во согласност со Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп за сезоната 2021/2022 година.