ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО СЕ ОБРАТИ ДО ГРАЃАНИТЕ: СМИРЕНО МОИ КУМАНОВЦИ, ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ КОРОНАТА ЗАЕДНО!

0
1191

Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува.
Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата.

Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 Март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија.
 Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена.

Колективното здравје е приоритет број еден.
Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно.
Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова.
Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Куманово, Максим Димитриевски.