ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА, ГЕОРГИЕВСКИ: Хортикултурното уредување и поставување на урбаната опрема во паркот кај студентскиот дом “Стив Наумов” во Автокоманда е во полн ек

0
990

Хортикултурното уредување и поставување на урбаната опрема во паркот кај студентскиот дом “Стив Наумов” во Автокоманда е во полн ек. Направив увид каде вработените во ЈКП Гази Баба 2007 на терен ги довршуваат последните градежни активности.

Со ова студентите добиваат уште едно урбано катче каде ќе можат слободното време да го поминуваат во природа. Покрај ова, се уредува и паркинг просторот кој се наоѓа во непосредна близина.

Гази Баба е отворена општина и ги слуша барањата на граѓаните и заедно со ЈКП Гази Баба 2007 ги реализираат на терен.