ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИ ДАДЕ ИЛЈАДАРКА ДА ГЛАСАМ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, СВЕДОЧЕШЕ КАВАДАРЧАНЕЦОТ МЕМЕДОВ НА СУДЕЊЕТО ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП

0
2038

Сведокот Сали Мемедов и обвинетиот градоначалник Александар Панов на денешното рочиште во Основниот суд Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

Кавадарчанецот Сали Мемедов денеска сведочеше дека градоначалникот Александар Панов извадил илјада денари од фиока и му ги дал за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ на рочиштето во Основниот суд Кавадарци за постапката која што се води против кавадаречкиот градоначалник, обвинет за поткуп при избори и гласање.

Мемедов кажа дека добил повик од кавадарчанец два дена пред изборите на 11 декември, со информација дека се делеле пари во општината. Видел народ кој влегувал и излегувал, па и самиот се качил горе на спратот кај градоначалникот. Рече дека отпрвин не знаел за што се делат пари, за тоа дознал кај градоначалникот.

Претходно во постапката, Мемедов кажал дека на градоначалникот му рекол дека има проблеми и му побарал помош, по што ја добил илјадарката.
„Ми рече треба да си помагаме и од бирото извади и ни даде по илјада денари мене и на уште две други жени кои беа во канцеларијата на општината, но јас не ги познавам”, го потврди тој тоа што и претходно го имал кажано.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ