ГО ТРЕСЕ ЛИ МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА АФЕРА ,,ПЕРЕЊЕ ПАРИ” ?!

0
3356

Културата ја сочинуваат две компоненти: традиционалните норми, верувања, вредности и однесувања, од една страна и поединецот, од друга, кој активно влијае врз измените на културните традиции и со својата интеракција станува основен двигател во промената на традиционалните елементи на културата.

Главни карактеристики на поединецот, на човекот од културата се чисто срце и отворен ум.

Но за жал во македонската култура немаме поединец, со чест на исклучоци, туку според информациите и доказите до кои како редакција дојдовме имаме октопод кој ги инфилтрирал своите пипци на широко поле низ културата, октопод кој што не го интересираат нити традиционални културни норми нити верувања!

Конкретно се работи за лицето Гордан Николов кој е вработен во Музеј на Северна Македонија или поточно во кабинетот на актуелната министерка Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Гордан Николов уште од 2006 година кога беше разрешен директор на Музеј на Македонија поради незаконско работење и злоупотреба на службената позиција, истиот е повторно по грешка или неинформираност назначен како директор на Музеј на Македонија кој повторно е разрешен по вонреден инспекциски надзор на министерството за култура во 2019 година поради злоупотреба на својата позиција.

Според нашите информации се работи за низа грешки во неговата работа и недолично однесување во јавност ЛИНК ОВДЕ , додека со неговата сопруга Даниела Николова, актуелна директорка на Музеј на ВМРО се одлични играчи, кокетираат со ВМРО и со СДСМ.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, контроверзниот Гордан Николов беше испратен во Јапонија на 15 месеци “усовршување” од министерката Бетка Канчевска Милевска.

Додека истиот бил директор, склучува договор со лицето Мирјана Николовска со датум 17.10.2018 година, мајка на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, актуелниот потпретседател на опозициската партија и директен линк со Никола Груевски во Будимпешта и тоа се работи за договор за комисиона продажба на производи-сувенири во траење на невообичаени 24 месеци.