ГОТОВО Е ГОТОВО, ПОЧЕЛО ЈЕ ПОЧЕЛО, ЗАПОЧНА БЕГСТВОТО ОД МАКЕДОНИЈА НА ПРВИТЕ МИНИСТРИ ОД ГРУЈОВАТА ВЛАДА – Министерот за Одбрана Јолевски барал работно место во светска банка

0
5049

Министерот за одбрана Зоран Јолевски кој беше и амбасадор на Македонија во САД, според извори на Либертас, сака повторно да се врати во Америка.

Нашите извори тврдат дека тој ги искористил неговите одлични конекции воспоставени претежно од времето на амбасадорувањето при неодамнешниот престој во Вашингтон,  за да му помогнат да се вработи во седиштето на Светската банка.

Македонскиот воен министер, во САД има и стан на Тампа, Флорида пријавен и во анкетниот лист во вредност од 240.000 долари од 100 м2 купен во 2004 година.

Таму се школуваа и останаа да работат и живеат и неговите синови. Едниот од нив работи во влијателна консалтинг компанија и бил доста успешен.

Во анкетниот лист има пријавено и два штедни депозити во две американски банки, 11.000 американски долари во Suntrust bank од 2005 година, и 12.000 американски долари во Citibank од 2007 година.

За многумина во државава изненадување беше враќањето на Јолевски во Македонија за да седне во министерската фотелја во тимот на Груевски.

Очигледно решил дека е тоа доволно и дека пак треба да се врати кај неговата фамилија преку океанот.

Во меѓувреме, во медиумите се објавуваше дека го зголемил неговиот недвижен имот со нови станови во Скопје, но тоа засега е во доменот на шпекукации.

Јолевски изминативе денови беше актуелен и заради изјавата на американскиот конгресмен Дејна Рохрабакер кој по средбата со него во Вашингтон излезе со изјава дека Македонија треба да се подели.

За оваа средба кабинетот на министерот Јолевски воопшто како што е вообичаено не издаде соопштение, но откако таа стаса во македонската јавност и наиде на остри осуди, имаше извинување од конгресменот.

Извор : Либертас