ГОРДАНА, АБЕ КАЦИ ТИ?! Јанкулоска заминува за Америка, причината мистерија?

0
2026

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку Германија, заминува во работна посета на Соединетите американски Држави, дознава Плусинфо.

8628mala

Патувањето на Јанкулоска во САД го потврди и МВР, но одби да каже која е причината за патувањето на шефицата на македонската полиција преку океанот. Од таму ни одговирија само кусо: „ќе информираме со време“.

Отсуството на министерката од јавноста и од јавните настани го привлече вниманието на новинарите, особено што тоа се случува во време кога се објавуваат прислушуваните разговори, каде гласот на Јанкулоска е најприсутен. Министерката за внатрешни работи вчера, заедно со првиот човек за финансии, Зоран Ставрески, беа единствено отсутни министри на заедничката седница на македонската и на српската влада, која се одржа во Скопје.