ГОРАН СДК: НИКОЈ ВО ЗЕМЈАВА НЕ САКА ДА БИДЕ КАКО АТИЏЕ, ПОЛА ДА ЗАДРЖИ ЗА СЕБЕ ПОЛА ДА ДАДЕ НА ДРУГИТЕ

0
1701

Многу беше фраерски да се споделува мудроста на Атиџе: „Пола за мене, пола за пчелите“, нели? Море, што селфија се изнагледавме со јунакињата од кандидатот за два Оскара „Медена земја“. Те црвени килими, те аплаузи, те воздишки, те бришење солзи… Па длабокоумни постови на Фејсбук, освестени елитистички екологисти, животни откритија дека природата дава, природата враќа, природата се одмаздува…

Ама, тоа беше за природата. И кога дојде до општеството, одеднаш некој друг треба да биде Атиџе. Сѐ јас ли бе!?

2Судиите, кои пред Уставниот суд поднесоа иницијатива за укинување на уредбата на Владата со која и тие заедно со пратениците, министрите, директорите на јавни претпријатија требаше два месеца да земаат намалена – минимална плата, за да се пополнува дупката во буџетот за борбата против пандемијата од КОВИД-19, се бетер од комшиите на Атиџе. Тие беа неуки и жива сиромаштија, па притиснати од алчноста на прекупецот на медот го прекршија принципот пола за мене, пола за пчелите. Судииве не се сиромаштија. Нив само алчноста ги притиска. Сѐ за мене, ништо за другите.

Не дека сме се надевале оти овој состав на Уставниот суд ќе одлучи нешто во полза на државата. Ама, си викав, граѓаните со години чекаат уставните судии да одлучуваат за нивни иницијативи, па белким во вонреднава состојба, во услови на светска криза, нема да успеат толку итно да заседаваат. Ама, нивните плати се во прашање. Ај што со минимална плата два месеца гладни ќе останеле, туку и не верувале каде ќе завршат нивните пари. Еј! Уставни судии! Тие како врвна институција во државата не им веруваат на другите институции како ќе ги потрошат нивните пари. А ние, кому да веруваме?

Па и Антикорупциската комисија, која успеа на сите во државава да им најде конфликт на интереси и непотизам до трето колено, овој пат не виде конфликт на интереси кај уставните судии оти одлучувале за своите плати. Затоа што, со нивната одлука ги одмрзна и антикорупционерските плати.

Умираат луѓе од непозната болест. Работници остануваат без работа. Ќе останат и без минималната плата. Доктори и сестри се разболуваат. Градинките не работат, школите на работат. Студентите седат дома. Нема патувања. Нема дружби. Нема концерти. Пензионерите се заробени дома. Нема лекарски прегледи, се откажуваат закажани операции по болниците… Пандемија е. Светска криза. И сите тие ограничувања се уставни и законски. Само кратењето на платите на судиите не е законско.

Целата колумна на следниов линк ОВДЕ.