ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ: СМЕШНА Е ПРЕСУДАТА ЗА ЛАТАС, ЗАЕВ ДА ИМ ДАДЕ ОТКАЗ НА СИТЕ СУДИИ, И СИТЕ ДА ГИ ПРАТИ НА ВЕТИНГ!!!

0
1606

Аааа… Извинете. Ние сме сериозна држава во која извршната власт не се меша во судската. Е па требаше да се замеша. Уште веднаш. Отпушти ги сите – од Врховен суд до архивар во Основен суд и распиши нов оглас за судии и за судски службеници. Ко да не знаевме со што судии си имаме работа. Ги чувме во бомбите. Не за џабе го викавме сваровски судство.  Поарно две години да немавме судии и судења, отколку вака да нѐ прават будали.

Еве на пример, видете го образложението на пресудата за Латас со која се ослободува од обвинение оти градел нелегално. Ти од судот бараш правда и почитување на закони, а судот прави уште поголема штета од самото градење без дозвола.

Да се разбереме. Никој нормален и не очекуваше дека за три нелегално изградени куќи Латас треба да оди во затвор. Па и ослободителна пресуда – ај некако ќе се обидеш да ја сфатиш. Ама да напишеш во пресудата дека Латас не е виновен оти никој не го пријавил дека гради нелегално и да напишеш дека градењето на диво не било јавен интерес, ти е исто како кога ќе те фатат дека нешто си украл, ама ќе те ослободат оти никој не те пријавил дека си крадел.

Цела  држава се испотресе да го брани Охрид од УНЕСКО оти поради дивоградбите ќе го стават на листата на загрозено светско наследство, до Баку отиде делегација да го спасува, а ваму градењето на диво не било јавен интерес, оти никој не пријавил. И после се чудиме зошто ни дивите платформи на Матка не може никој да ги урне. Иако, сите ги пријавивме.

Башка, кој граѓанин смеел во 2013 да го пријави Латас? Што ќе му се случело ако го пријавел? Кој инспектор смеел да му дојде на објект, па уште и да го урива? Најбезопасното нешто што можело да му се случи е да го спружи на насловна во „Вечер“ и да покрене хајка на вестите на „Сител“. Како што им се случуваше на многумина. Па го чувме „Ало началниче! Дагауууу…“

Којзнае кому све должат, што должат, колку дожат и зошто должат судиите и обвинителите? Ама, на крајот на денот, кабаетот за нереформираното судство ќе падне врз Заев. Смешките од типот на онаа дека судот го барал Јанакиески дома, ама судењето се одложило оти истиот суд не го нашол Јанакиески, оти го ставил во Шутка, ќе се раскажуваат како зафрканција. И пресудата за Латас ќе ја заборавиме. Ама Заев ќе го паметиме дека во  негово време судството останало заробено.

Линк до целата колумна на СДК.МК