ГОРАН МИСОВСКИ ОД ТЕТОВО : НСДП БЛИСКА ДО ГРАЃАНИТЕ, ОТЧЕТНА И ТРАНСПАРЕНТНА ПАРТИЈА

0
530

Кандидатот за претседател на НСДП Горан Мисовски оствари средба со раководствата на општинските организации на НСДП од Изборната единица 6, Тетово, Гостивар, Јегуновце и Брвеница пред кои ги истакна причините и мотивот за поднесување кандидатура за претседател.

Воедно пред присутните ја промовираше неговата програма “ВИЗИЈАТА ЗА НСДП 2022-2026” и клучните промени во делувањето на НСДП.

Се работи за сеопфатен документ кој ќе ја демократизира и модернизора партијата, ќе ја подмлади и ќе ја отвори за нови лица и прогресивни идеи.

НСДП ќе работи со граѓаните, со нив ќе ги пишува програмата и стратешккте приоритети.

НСДП – партија која ќе биде на терен и седниците на Извршниот и Централниот одбор ќе ги одржува во градовите и општините низ државата заради креирање на политики за локалнкте и државни проблеми и предизвици.

Носителите на функции во НСДП мора да работат отчетно и транспарентно за реализираните партиски активности и задачи кои им ги довериле органите на партијата.

Функционерите на централно и локално ниво во органите на државна власт и локалната самоуправа пред органите на партијата ќе ги презентираат реализираните програмски приоритети на НСДП кои се дел од владината програма или дел од програмата понудена на локални избори.

НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА

Служба за односи со јавност