ГОМЦЕ ЕДНО МАЛО СМРДЛИВО И ЛАЖЛИВО – Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

0
2507

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО, пред новинарите рече дека во Унгарија бил на лекување за проблеми кои ги има со белите дробови, а не за да се види со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој не сакаше да говори јавно, туку соопшти дека ги споделува информациите за јавноста да знае што се случувало.

„Бев да направам испитување. Две години имам намален капацитет на белите дробови. Досега никој не ме упати на лекување на Клиниката за уво, нос и грло. Се лекувам со пумпици…“, раскажа Трајковски.

Тој рече дека се лекувал на клиниката „Дуна медикал“. Покажа медицинска документација и сметки дека платил за здравствената услуга.

„Да бев еден чекор назад немаше да се знае дека сум во Унгарија“, рече Трајковски и додаде дека ќе го затвори боледувањето и ќе ја достави документацијата до институцијата каде што е вработен.

Претходно Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски во Будимпешта, утрово при доаѓањето во Судот ги избегна новинарските екипи и не одговори на ниедно прашање.

Извор : МакФакс