ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ,,БОРКА ТАЛЕСКИ” : ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНОВИ ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАТИ ОД РАЗЛИЧНИ ИНФЕКЦИИ, ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ И ДЕТАЛНА ИСТРАГА!

0
614

Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет, по допрен глас во јавните гласила, за да се истражи смртта на 3 лица во последните 10-тина денови кои се лечеле во ЈЗУ Општа болница Прилеп, а кои по настанати компликации биле пренесени на Клиниките во Скопје каде починале.

Според јавниот обвинител од Прилеп, Маријана Илиеска, станувало збор жена на возраст од 52 години која што правела киретажа во прилепската болница, потоа пациент на околу 30 годишна возраст кој се лекувал во прилепската болница и починал на клиниките во Скопје и кој имал бактерија и компликации со симптоми на сепса, како и за трет пациент на слична возраст како првиот, кој што 10-тина дена се лекувал во одделението за невропсихијатрија во прилепската болница и пред неколку дена починал на скопските клиники од инфаркт.

Повеќе на порталот ИНФОКОМПАС