ГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАГИНАТИ ЛИЦА И ПОВРЕДЕНИ ВО СОМАЛИЈА ОТКАКО ЏИХАДИСТИ НА ,,ЕЛ ШАБАБ” ВО РЕСТОРАН ФРЛИЈА БОМБА

0
839

Исламските екстремисти фрлија бомба врз популарен ресторан во Могадишу, Сомалија, при што загинаа најмалку шест лица, соопштија здравствените власти.

Експлозијата се случила синоќа за време на ифтар, првиот оброк во денот по зајдисонце за муслиманите кои постат за време на Рамазан.
Ресторанот често го посетуваат владини претставници.

Според информациите, во нападот загинале шест цивили, а седум биле повредени. Од експлозијата е причинета голема материјална штета.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб.