ГОЛЕМО Е СРЦЕТО НА ЗАЕВИ – ЦЕЛАТА ЗЕМЈА Е ПРЕПЛАВЕНА СО НИВНАТА ПОМОШ: 200 прехранбени пакети од семејството Заеви донирани на Банката за храна во Кавадарци

0
1327

И во оваа корона криза, семејствата кои се социјално загрозени од општина Кавадарци добиваат пакети со прехранбени производи од Банката за храна,  која непрекинато функционира. Роберто Паризов, од еколошкото друштво  „Еко живот“ кое е партнер на банката,  вели дека постојано добиваат донации од правни и физички лица, а тие таа помош им ја делат на најзагрозените.

„Нашата неформална организација успева да се бори со гладта со тоа што сета храна што ќе ја собереме од правни и физички лица ја пакуваме и ја носиме до фамилиите во социјален ризик. Тие семејства се обраќаат до кол центарот во општината, или до нас и веднаш им доставуваме прехранбени производи. Сите сме погодени од оваа состојба со корона кризата, но на големо задоволство  на сите граѓани на општина Кавадарци има банка за храна која може да им помогне на најзагрозените“ вели Паризов.

Тој денеска се заблагодари и на донацијата со 200 прехранбени пакети што пристигна во Банката за храна Кавадарци од семејството Заеви и најави дека согласно потребите во наредните денови ќе биде испорачана до лицата на кои им е најпотребна.

„Ова донација е во храна, наменета за најранливите категории. Таа се доставува преку банката за храна која одлично работи и во овие кризни моменти “ вели претседателот на кавадаречкиот совет Ристо Сакалиев.

Банката за храна во Кавадарци функционира веќе скоро две години и досега се поделени илјадници пакети со прехранбени производи за семејствата во социјален ризик, согласно списоците кои доаѓаат од Центарот за социјални работи Кавадарци.