ГОЛЕМИ НЕРЕДИ НА УЛИЦИТЕ НА БРИСЕЛ ОТКАКО МАРОКО ЈА ПОБЕДИ СЕЛЕКЦИЈАТА НА БЕЛГИЈА НА СВЕТСКО

0
628

На улиците во главниот град на Белгија, Брисел, дојде до судири по фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и на Мароко на светското првенство што се одржува во Катар.

Како што објави Јутарњи лист, по завршувањето на натпреварот се судриле навивачи на мароканската фудбалска репрезентација и локалната полиција. Во натпреварот од второто коло од групата Ф, Мароко ја победи Белгија со 2-0, а стотина навивачи во марокански дресови и други обележја на оваа африканска земја правеа нереди низ градот по победата на нивната репрезентација.