ГОЛЕМА СРАМОТА ЗА ДУИ : ПЕЈАЧОТ ШПАТ КАСАПИ ПРЕТХОДНО УАПСЕН ЗА ПРОНАЈДЕНА ДРОГА НАЗНАЧЕН ОД АРТАН ГРУБИ ЗА СОВЕТНИК ЗА КУЛТУРА И ОПШТЕСТВО!

0
1015

Според полициски извештаи уште еден од новите советници на таканаречениот прв вицепремиер Артан Груби има проблем со законот.

Шпат Касапи кој неодамна е промовиран за советник на Груби бил фатен со две кесички со прашкаста материја, велат записници од МВР во кои се заведуваат настани кои се процесирани од припадници на полицијата.

Пред нецели 6 недели во Ѓорче Петров советникот Касапи од припадници на МВР бил запрен и му била одземена непозната супстанца.

Ова е голем срам за политиката и партијата ДУИ која години наназад ја следат низа скандали и скандалозни одлуки посебно во областа на владината кадровска политика.