ГОЛЕМА СРАМНА ОДВРАТНА ЛАГА НА РЕЖИМОТ: Дописникот на МИА од Стразбург по наредба на кабинетот на Грујо ја излажа македонската јавност за некакво обраќање на Грујо во европскиот парламент, такво нешто не се случило!

0
1337

grujo epp 0

МИА по наредба на кабинетот на Груевски срамно ја излажа македонската јавност! Тие денеска објавија вест која потоа масовно се објавуваше во режимските медиуми дека Груевски вчера, на 20-ти мај, направил некакво обраќање во европскиот парламент! Но такво нешто не се случило!

Еве како изгледаше веста на државната новинска агенција МИА:

Груевски се обрати и учествуваше во дебатата на ЕПП во Стразбур

Во рамките на посетата на Стразбур претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера имаше обраќање и учествуваше во дискусијата на парламентарната група на Европската народна партија  во Европскиот парламент, пренесе МИА.

Тој учествуваше на нивната координација и одговараше на повеќе прашања на присутните пратеници. Премиерот Груевски ги образложи позициите и гледиштата на Република Македонија по однос на повеќе актуелни теми и стратешките прашања на државата, јави дописникот на МИА од Стразбур. Премиерот Груевски истакна дека членството во Европската Унија и НАТО алијансата преставува недвисмислена стратешка определба на државата и интензивно се работи на реализацијата на понатамошни реформи кои ќе го унапредат процесот и подигнат на повисоко ниво.

Груевски посочи дека се преземаат мерки во повеќе општествени области чија крајна цел е исполнување на зацртаните критериуми, подобрување на квалитетот на работата  и овозможување на напредок на животот и стандардот на граѓаните. Истакна дека особено внимание се посветува и на економските реформи кои се значаен елемент во остварувањето на целта за поквалитетен живот на граѓаните.

Премиерот Груевски имаше средба и со генералниот секретар на Европската народна партија Антонио Лопез-Истуриц, како и со потпретседателот на ЕПП и член на европскиот парламент Јацек Сариуш Волски. 

На средбите тој истакна дека во насока на остварување на стратешките  интереси е добредојдена и значајна поддршката од сите пријатели и партнери на Република Македонија кои отворено ги поддржуваат евроатланските интеграции. Премиерот Груевски се заблагодари на активното залагање и на Европската народна партија за напредок на процесите важни за Република Македонија. Европската народна партија е најголемата политичка партија на европско ниво, и со најбројна група во Европскиот парламент. Таа е најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во ЕУ.

Но дека веста е голема режимска лага може да се види од следниве работи. Прво самиот текст е контрадикторен. Во насловот и поднасловот на веста се споменува зборот обраќање, но подолу во текстот од обраќање се преминува во некаква средба и консултации и размена на мислења со парламентарната група, што е сосема друга работа.

Веста на порталот Курир е илустрирана со слика од Груевски на говорница, но таа слика е стара една година и е од обраќањето на Груевски на конференцијата на ЕПП во Брисел од пред една година:

grujo epp 3

На самиот веб сајт на МИА пак ова наводно обраќање на Груевски е илустрирано во слика стара пола година од друг настан кој се оддржал пред неколку месеци. Еве ја првин сликата објавена вчера на веб сајтот на МИА:

grujo epp 2

А еве за кој настан всушност станува збор, значи се работи за фотка стара пола година од самитот на ЕПП во Брисел во декември 2014-та:

grujo epp 1

А еве пак како изгледа официјалниот веб сајт на парламентарната група на ЕПП во Европскиот Парламент, ни трага ни глас од некакво обраќање и некаква средба на делегацијата на Груевски од 20- ти мај во Стразбург:

grujo epp 4

grujo epp 5

Значи, Груевски имаше потреба да измисли настан со цел да покаже дека сеуште ја има поддршката од ЕУ и западот?!?! Тој буквално денеска влетал во зградата на ЕПП се поздравил во бифето со неколку евро-пратеници и потоа од тоа преку МИА направи официјална посета и некакво обраќање во ЕПП па прашања од евро пратеници па размена на мислења а уствари само се прошетал човекот по бифето и никој за тоа никаде не објавил, нема ни слики ни бутур ни ништо?!?!

Ова е дно на една власт и еден режим, кога еден премиер во Стразбур е третиран како доставувач на пица, никаде нема соопштение за средба ниту слики, а пак тоа што потоа режимот од тоа си направило измислен настан и што ја лажат македонската јавност е само показател со какви хоштаплери, измамници, дилетанти, лудави, копилиња и мафијаши си имаме работа!