Гинекологија ја тужи поранешната директорка Хаџи-Лега, купувала тестови за 400 евра и ја оштетила клиниката за 150 илјади евра

0
1881

Скопската Клиника за Гинекологија ја тужи поранешната директорка Марија Хаџи-Лега за злоупотреба на службената положба, односно според нив, таа ја оштетила клиниката за 150 илјади евра за набавка на тестови за дигитална кариотипизација со кои се испитуваат аномалии на плодот, дознава „Фокус“ од свои извори во Клиниката.

Според нашите информации, тужбата против Хаџи-Лега е поднесена пред речиси еден месец, на 16 декември, лани откако, претходно на 23 ноември, 2017 година, дисциплинска Комисија за утврдување на факти проценила дека нема потреба од набавка на 312 тестови, од кои само еден чини 25.500 денари.

Исто така, заклучокот на комисијата е дека со набавката на тестовите не е запознаен Стручниот колегиум, како и тоа дека не е изготвена програма кој ќе работи со тие тестови.

Нашите извори уште додаваат дека такви тестови се направени на 22 пациентки, без согласност на брачните парови, кои според протоколот мора да бидат запознаени.