ГЕРО, ЌЕ ГО БРАНИШ ЛИ СЕГА ДРУГАРЧЕТО ТВОЕ ХИПО ПАК СО КОЛУМНИ?! Пешевски и Латас останаа без пасоши!

0
1721

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела.

СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој одби на Пешевски да му биде одреден притвор и наместо тоа, одлучи да му одреди мерки на претпазливост. Од СЈО бараа второстепениот суд да му одреди притвор на Пешевски, а одбраната на поранешниот вицепремиер поднесе жалба со која бараше укинување на мерките за претпазливост.

Обвинителите на СЈО, во жалбата, меѓу другото, навеле дека обвинетиот Пешевски „поседува 24 активни банкарски сметки, на кои има постојан прилив и одлив на поголем износ на парични средства, па токму паричните средства што ги поседува и неговиот развиен бизнис надвор од границите на Македонија упатуваат дека може да се даде во бегство и да ја напушти државата“.

Од СЈО навеле и дека со обвинението се предложени и други сведоци кои сè уште не се испитани, што „упатува на оправдан страв дека обвинетиот, доколку се брани од слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоците, кои се предложени на листата на докази“.

Кривичниот совет на Апелацискиот суд ги одбил ваквите наводи како неосновани и оценил дека Основниот суд Скопје 1 донел правилна одлука дека „во оваа фаза на постапката, примената на мерката притвор не е оправдана и дека со примена на поблаги мерки, како што се определените мерки на претпазливост – обврска за јавување во судот и привремено одземање на патната исправа, успешно ќе се елиминира опасноста од бегство“.

Второстепениот суд ја одбил жалбата на одбраната на поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, кому му остануваат мерките за претпазливост, односно да му биде одземен пасошот и да се јавува во судот еднаш неделно.

На сила остануваат истите мерки и за новинарот Драган Павловиќ-Латас, обвинет во случајот „Тотал“, откако Апелацискиот суд го одбил барањето на СЈО да му биде одреден притвор, како и жалбата на обвинетиот против одлуката на Кривичниот суд да му биде одземен пасошот и еднаш неделно да се јавува во суд.

Апелацискиот суд досега ги одби сите жалби што ги поднесоа Специјалното јавно обвинителство и обвинетите против одлуките на првостепениот суд.