ГЕРО СО ТЕШКИ НАВРЕДИ КОН СИМПАТИЗЕРИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ : ТИЕ ШТО ЈА БРАНАТ ОВАА ВЛАСТ СЕ ТЕШКА БАГРА!

0
2775

Геро распало со тешки навреди кон членовите на СДСМ во најновата колумна:

Ботовската багра што ја брани власта во Македонија (подобро речено, мисли дека ја брани, а всушност ја упропастува) несомнено наликува на Милграмовата шок-машина. Не сакам за тоа директно да ги обвинам тужибабите од власта, но факт е дека стотици и стотици луѓе доброволно се откажуваат од одговорноста во име на повисокиот „авторитет“ и во име на „каузата“, па одлучуваат да бидат насилници. Засега само вербални. Здружени и добро организирани, се чувствуваат помалку одговорни за сопствената злоба, за агресијата, за нечовечноста со која ги напаѓаат и ги казнуваат оние што мислат поинаку. Истата шок-машина беше во функција и за време на владеењето на режимот на Груевски (разликите се прашање на нијанси), сменети се само насилниците и жртвите. Патем речено, во реалниот живот жртвите не се актери, туку вистински, обични луѓе, чија единствена вина е што се осмелиле да размислуваат за алтернативи и да ја изразат својата различност во било кој поглед.