ГЕРО ПАК ФАТЕН КАКО ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ: НЕМА НИКАКОВ РАЗДОР ВО СДСМ, ЗАЕВ НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА СО РАДМИЛА, СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОВЕЌЕ СПЛОТЕНА И ЕДИНСТВЕНА ВО СВОЈАТА ПАРТИСКА ИСТОРИЈА!!!

0
772

Во опширна ЧАРШАВ сторија од над 500 реда текст, Геро пак шири лажни вести за СДСМ!

Шири лаги дека во СДСМ е во тек раздор межу Заев и Радмила, дека Заев ќе се пресметувал со Радмила, па ќе ја праќал за амбасадор во САД, она па ќе му вратела со напад кон Рашковски, Венко ќе го заземел сегашното место на Радмила итн итн…

Од нашата редакција ги проверивме овие информации во највисоките структури на СДСМ и од таму дознавме дека се тешки глупости, единствено точно во сторијата било дека Заев и Венко се исклучително блиски, се друго било млатење празна слама.

– Геро се обидува да го пренесе раздорот и драмата во ВМРО ДПМНЕ и битката за позицијата на Мицковски во нашите редови, се праќа порака до јавноста дека еве исто е и во СДСМ како и во ВМРО ДПМНЕ, врие ваму ама врие и таму, Геровски одамна медиски е ставен на услуга на опозицијата и тоа е јасно од блискоста на ставовите на Геро во неговите колумни со оан што се кажува на пресовите на ВМРО ДПМНЕ, буквално има синхронизација, така што јавноста треба со резерва да ги прима ваквите стории на Геровски кога пишува за навосни случувања на Бихачка. – за Мактел ни изјавија извори од Бихачка.

– И пазете го моментот кога се излегува со оваа сторија, еден ден после убедливата победа на Зоран Заев кој доби 60 илјади гласови од околу 70 илјади регистрирани членови на партијата. Целта е да се засени тој момент на демократичност што е новина во партиите, тоа единство позади Заев да се саботира со ваква сторија во која се најавува некаков раздор и турбуленции во партијата а вистината е дека партијата не била никогаш по обединета и по единствена во историјата на своето постоење! – завршува нашиот извор од Бихачка.