ГЕРО, НЕ БИДИ ПЛАЧИПИЧКА, ТЕБЕ МОЖАТ ДА ТИ НОСАТ ВОДА СИТЕ МАГАРИЊА НА СВЕТОТ, ДАВАЊЕТО АВТОГОЛОВИ САКАШ ДА ГО ПРЕТСТАВИШ КАКО ДЕМОКРАТСКО ПРАВО, НО ДАЛИ Е ТОА ПАМЕТНО, И ШТО АКО ИЗГУБИМЕ, ЌЕ ИМАШ ЛИ ГРИЖА НА СОВЕСТ?!

0
1765

По кој знае кој пат, Геро плаче во колумна, бара СДСМ да ме замолчеле, ја губел битката со мене, сум го срамел и реметел јавно, бара да сум бил врзан, многу го болело мавањето кое му го правам јавно.

Каква епска плачипичка!!!

Па дури се заканува дека ќе откриел кој ме финансирал и помагал, тоа било голем срам за мене?!

Па ти бе Геро имаше банери на ВМРО ДПМНЕ за минатите избори, кого бе ти ќе заплашуваш шупак еден?!?!

Кој и да ми дава мене пари, се гледа дека мојата борба е искрена и до крај, гинам до последниот атом за режимците да паднат!!!

А ти што правиш?! Не само што не ги праќаш новинарите да поставуваат незгодни прашања на Груевци, ти ги браниш од мене?!

И кога ќе усерат им изиграваш портпарол?!?! Па дали си ти нормален?!

Народот вика, ако коза лаже, рог не лаже! Или ако баба лаже, трап не лаже!

Значи, ти можеш колку сакаш да се преставуваш како голем борец за пад на режимот, но фактите се неумоливи!

Кога си напишал колумна за Пешевски?

Кога си објавил нешто скандалозно за Сашо Мијалков? Си изјавувал дека си имал деца и ти било страв да објавуваш за него, па ние немаме ли деца?!

Зошто твоите медиуми на кои си уредник не прават истражувачко новинарство? Не се сеќавам Плусинфо или Слободен Печат да објавеле афера за власта?! Па дури и тие што ни ги подари на сите Заев преку бомбите, не ги истражуваш, дозволи да се заборават, закопаат… Јас се обидувам да ги оживеам со моите акции кои ти ги исмеваш и ме навредуваш, нешто што го прават Латас и компанија цело време…

Зошто го критикуваш Заев за секој потег што ќе го направи?! Значи, стварно си упорен како сите магариња на светот во настојувањето да не убедиш дека си најголем СДСМ-овец, преку тоа што 24/7 цела година го критикуваш СДСМ за секој нивен потег, додека се пресметуваш со сите нас кои гинеме за СДСМ цело време, за да му помогнеме конечно да го срушат режимот!

Колку е тоа само лудо, тоа е како да велиш дека си супер родител, а да го тепаш секој ден своето дете и да го оставаш да мрзне на минус 20, правдајќи се дека тоа е за негово добро, за да се челичи?!

Твоите автоголови во голот на СДСМ кои ги даваш редовно секој ден, ги преставуваш како знак на демократија?! Ок, но колку е тоа паметно? Нели ти е страв дека ако изгубиме ќе те јаде совест, или ти тогаш ќе бидеш зафатен со покажување со прст кон Заев и Радмила што не те поставиле тебе на местото на Роберт Поповски?!

Ти Геро, или со луд или си платено копиле. Нема друго! Затоа што навистина, ти си една од жртвите на овој режим, секој ден и ти како сите нас си на листата на предавници, те масакрираат редовно сите режимски кучиња.

Во една таква прилика, кога ти правеа една таква сачекуша во собрание, јас те бранев од Мирка и Латас.

Но зошто на тоа не враќаш со јака опозициска борба, зошто си мек и дури правиш и штета со шутирање кон нашиот гол? Што е, се уплаши ли? Те купија ли? Да не ти предложи Хипо да му бидеш портпарол или шеф на кабинет? Или да не ти вети дека ако бидеш мек и ако одработуваш, тој лично ќе те заштити од ордите на режимот?

Се посра ли Геро, ги наполни ли гаќите, или те купија, или пак те изеде Алцхајмерот?

И не барај СДСМ да ме замолчи, тие не се такви, не замолчуваат никого, сам го знаеш тоа инаку досега ќе те замолчеа верувај, твоето поведение е повеќе од штетно, еден опозиционер за тебе рече дека си суетен лудак, не знам дали памтиш, скоро беше, го објавив чатот јавно…

п.с Интересно е како цела година, сите оние кои ќе го нападнат СДСМ и Заев ги ставаш во заштита, им даваш колумни, како да го охрабруваш јавното сакатење на СДСМ и Заев, а секој што ќе го брани Заев и СДСМ го ставаш на листата за одстрел.

Навистина водиш маестрална кампања – Добро е да се критикува Заев и СДСМ, штетно е да се брани СДСМ и Заев, под паролата, ние не сме исто како ДПМНЕ, ние не сме полтрони на лидерот. Но ти правиш ли разлика на фалење на херој и борец за слобода и правда со бранење на мафијаш и диктатор?! Ти или немаш свест или си подло платеничко копиле, нема друго!

Пишува : Саше Ивановски