ГЕРО КИКИФРИКИ ОД ,,ПЛУСИНФО” НА АПАРАТИ, ИМА ДА ПУКНЕ ОД МАКА ПОСЛЕ ОВА : ФРЧКО СЕ ОБРАТИ ОД ГОВОРНИЦАТА ВО ООН ВО ЊУЈОРК – ТЕМА МАКЕДОНСКИОТ ОДНОС КОН БЕГАЛЦИТЕ ОД СИРИЈА

0
1213

International Migration Review Forum

( 20 May 2022 at UN New York )

—————————————————

Мигранскиот Форум е клучна форма на ООН за дискусија и формирање на мигранските политики. Се оддржува еднаш на 4 години. Има владини извештаи и извештаи од цивилниот сектор.

Амбасадорот Фрчкоски имаше свое обраќање во кои ги изложи владините постигнувања и критиките на невладиниот сектор во состојбата со мигранитите (бегалици и економски мигранти).

Во владините постигнувања, истакнати се:

– Нова сеопфатна миграциска политика за периодот 2021-2025 година;

– миграциски профил на земјата;

– миграциски владин индекс ;

– модел на миграциско вработување.

Во забелешките и критиките истакнати се:

– Нееднаков третман на мигранитите, појави на културен расизам и дискриминација;

– користење на проблемот на мигрантите во ксенофобична мобилизација во внатрешно политичките дискусии;

– што води кон генерлано непочитување на меѓународните стандарди за заштита на правата на бегалците и мигрантите.

– Негативни наративи во медимуите за миграните и бегалците, што го контаминираат социјалното миље за можна интеграција на мигрантите.

– Користење на изразот ,, илегален мигрант ‘’ како инструмент за дехуманизација и третирање на нивните животи како помалку вредни.

– Криумчарење на мигранти и трговија со луѓе се во постојан нагорен тренд.