ГЕРО ДАГАУ И ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НАУМ СТОИЛКОВСКИ СТАНАА НЕРАЗДЕЛЕН ЛИНК – СТОИЛКОВСКИ РЕАГИРА, ГЕРО ПРЕКУ ПЛУСИНФО “ИНФОРМИРА” И ЗАЕДНО ПЛУКААТ ПО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ, БИЛ НА ОДМОР, ГРАДОТ ГОРЕЛ ПЕТРЕ СЕ ЛАДЕЛ АМАН ЗА АМАН И ТАКА ЗАЕДНО СЛОЖНО ГО ГАЃААТ ШИЛЕГОВ СО ЕДЕН КУП ЛАЈНА ОД БИК

0
1002

Последните неколку 2-3 години порталот ,,Плусинфо” на некогашното моќно новинарско перо на Бранко Героски и главен уредник на ,,Коха Ере”, ,,Време” и ,,Шпиц” се сведе на ниво на тоалетна хартија во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Сите будалаштини и лајна што се пласираат против власта се торпедираат главно преку ,,Лидер” на Љупче Златев, ,,Инфомакс” на Ацо ЦИА и ,,Плусинфо” на Геро.

Ова е жално што му се случува на човекот само од пуста желба да стане факман и фактор во земјава со советодавна палка и на раководна позиција каде што во последната реакција на ВМРО-ДПМНЕ од страна на портпаролот Наум Стоилковски дури и насловот на соопштението го напишал со вклучен капс лок, демек текстот и насловот да бидат повеќе впечатливи и да бодат очи кај рајата. Геро од некогашно новинарско перо од кое учеа многу генерации на новинари стана обична медиумска флека на ниво на Златев и Ацо ЦИА.

Жално, навистина е жално да се гледа ваков лупинг на некогашниот легендарен новинар и автор на популарната ,,Острилка” како тоне во лајна на бик.