Германското обвинителство отвори истрага за аферата со „Фолксваген“

0
834

98388450-540x320

Германското обвинителство отвори истрага за аферата во автомобилскиот гигант „Фолксваген„ и сомничењето за измама, против неговиот доскорешен извршен претседател Мартин Винтеркорн.

Истрагата е покрената по откритието за измама околу податоците за емисијата н а штетните гасови кај дизел моторите и возилата на оваа компанија.

Винтеркорн кој девет години беше на челото на „Фолксваген“ минатата недела поднесе оставка на функцијата.

Во изјавата дадени при поднесувањето на оставката тој рече дека „не знаел за манипулацијата“ со резултатите од емисијата на гасовите.

Аферата со „Фолксваген“ избувна по деталната проверка на американската компанија за контрола на квалитетот, која во дизел возилата на компанијата што се продаваат во САД, пронајде вграден систем за измама околу емисијата на штетните гасови кај дизел моторите.

Според германските закони, секоја пријава за некаков риминален случај, испратен до обвнителството, претходно мора да се испита, пред да биде покрената формална истрага.

Во случајот со „Фолксваген“ обвинителството во Брауншвајг, блиску до Волфсбург, каде е седиштетот на компанијата, досега има примено 12 пријави, покрај американското откритие и една пријава од самата компанија.

Весниците во Германија, изминатиот викенд открија дека уште пред неколку години некои функционери во „Фолксваген“ предупредувале дека е „нелегално“ користењето на системот „одбранбена опрема“ ставан во моторите при тестирањето.

Експерти во автомобилската индустрија проценуваат дека германската компанија може да биде казнета со 18 милијарди долари, сметајќи дека измамата ја има во 11 милиони автомобили.